Ве молиме прочитајте ги внимателно условите за користење, бидејќи вашето користење на сервисот значи прифаќање на истите.
Не бараме од вас улица и број, поради ваша безбедност. На пример, доколку некој сака да украде кола, или дел од кола, прикажувањето на улица и број на такви луѓе не е добра идеја. Но ни треба градот што претставува поширок регион и ви дава одредена сигурност. Се работи за коли, и пазарот за коли е специфичен пазар кој е различен од другите продажби како телефони на пример, па затоа сметаме дека поширок регион е доволно за одреден потенцијален купувач да добие идеа каде се наоѓа колата. Доколку купувачот ве контактира, на вас оставаме да се договорите каде евентуално би се сретнале
/
Ние им забрануваме на сите макретинг агенции да го користат вашиот телефонски број за да ви се јавуваат или да ви испраќаат промотивен материјал од било кој вид.
Исто така
Не ги бараме да ги внесете. Доколку сакате, можете да ја замаглите регистарската таблица со специјален софтвер како фотошоп или паинт. Во иднина и ние ќе овозможиме софтвер за замаглување на бројот на таблицата
Доколку го избришете огласот, сите податоци ќе бидат избришани, вклучувајќи ги описот, насловот, сликите. Некои информации може да бидат употребени, како на пример Ауди А4 Дизел од 2010 година, просечна цена ХХХХ евра, така што ќе бидат изработени статистики, не користејќи никакви приватни податоци за продавачот. Само технички податоци за возилото.
Избегнувајте прифаќање и комуникација со лажни профили. Особено тие со понуди што се премногу добри за да бидат вистинити
Како купувач, треба да бидете претпазливи кога барате да купите кола. Размислете за повеќе работи кога купувате користена кола. На пример, година на производство, поминати километри, опрема, сопственици, давачки што би ги плаќале и друго. Разговарајте со пријатели кои знаат повеќе за колите. Исто така можете да дискутирате за одредени модели во делот за коментари. Особено бидете внимателни со понуди кои се премногу добри за да бидат вистинити.
Не постојат строги врски помеѓу вас и Автоогласи. Освен за одговорностите и заштитата на податоците. Користењето на Автоогласи е по слободна воља. Доколку сакате, можете да го користите или не. За било какви несогласувања, ќе разговараме со вас
Ќе се обидеме да ја држиме страната онлајн цело време, но некогаш мораме да ја подобриме опремата, да ја надградиме страната, па затоа ќе има периоди кога страната нема да биде во функција
Нема да ви праќаме непотребни емаил пораки или спам. Емаил пораки што може да ги добиете од нас се:
Некои емаил провајдери се многу ригорозни кога се работи за автоматски пораки. Некогаш, нашите пораки можат да завршат во вашиот спам фолдер. Доколку не можете да ја најдете пораката во вашето сандаче, ве молиме проверете во спам фолдерот, а обележете ја пораката како не спам, за да избегнете понатамошно обележување на нашите пораки како спам, а исто така , да ни помогнете да направиме подобар систем
Го задржуваме правото да ги менуваме правилата и условите. Последната промена е од 2018-05-01
Доколку не го најдовте тоа што ви треба, ве молиме Контактирајте не , и со задоволство ќе се обидеме да ви помогнеме